ЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
ЗОШТО MODULAR DESIGN ARCHITECTS?
Разбирајќи ја науката за градежништвото и потребите на нашите клиенти и крајните корисници произведуваме објекти со класа на светско ниво кои нудат систематски пристап кон самата модуларност. Нашите градежни методи и модуларните системи ви овозможуваат комфорен и функцуонален простор. Распоредот на просториите претставуваат идеална комбинација на перформанси, удобност и приватност.Модуларните домови се со сертифициран квалитет. Дизајниран за уживање, изграден за да трае.
ДАЛИ ДРВОТО Е БЕЗБЕДНО ОД ЗЕМЈОТРЕСИ
Монтажните куќи со дрвена носечка конструкција се карактеризираат со одлична отпорност на земјотреси.
Куќите со дрвена носечка конструкција се многукратно полесни од традиционалната градба и имаат значително помало сеизмичко оптоварување.
Дрвото е 13 пати полесно од челикот и 8 пати полесно од бетонот, а во комбинација со метални сврзувачки елементи обезбедува еластично однесување на конструкцијата
при нанесување на оптоварување од земјотрес. Високо ниво на сигурност е обезбедено со употреба на поволни својства на дрво, цврстина и еластичност, правилно извршување на деталите помеѓу дрвените елементи и нивно закотвување на фундаментот.
КОЈ СЕ ОПЦИИТЕ НА ПЛАЌАЊЕ?
Со претходна консултација со нашите архитекти во нашите канцеларии како и избор на внатрешни и надворешни материјали на обработка на површините и финализирање на идејниот проект се договараме за начинот на плаќање.
ЗАШТО MDA КУЌИТЕ СЕ ПОРАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ?
Нудиме современ пристап на заштита на дрвото како и изолациони својства на ѕидните подните и кровните површини. Висока стапка на изолација како и квалитет на живеење. Совршена комбинација на дрво и природа. Без користење на материјали кој се штетни за секојдневно користење на просторот со природни вентилации и циркулација на воздух. Современ пристап на традиционален начин на градење кој ден денес постои.
КОЛКУ ВРЕМЕ СЕ ГРАДИ ЕДЕН МОНТАЖЕН ОБЈЕКТ?
ДАЛИ ИМА ГАРАНЦИЈА?
Времето на изработка во нашиот погон е зависно од моделот за изградба и се изработува за 10 до 20 денови. Монтажата на објектот е за 7 до 10 денови од пристигнување на локацијата на која треба да се изгради објектот. Во монтажат а припаѓа целосната изработка до финална фаза на објектот односно до клуч на рака целосно спремна за живеење
Користењето на материјали со сертифициран квалитет. Производство во контролирани услови. Изолациони материјали и премази за заштита и импрегнација на материјалите. Решение кое нуди софистициран пристап кон природните материјали гарантира заштита на вашиот објект. Сите наши модели нудат 10 годишна гаранција на констукцијата која за разлика од секојдневните армирано бетонски градби се разликува со поголема гаранција и квалитет.